Македонската фолкерка се сели во Белград

Македонската фолкерка ги направи првите чекори за лансирање на својата кариера и на српската естрада. Тања Блажева деновиве потпиша договор со српскиот менаџер Бобан Марковиќ. Таа за Вистина.мк ги открива своеите идни планови. 

- Штотуку пристигнав од Белград, каде имав средба со пејачката Зорица Марковиќ и настап во нејзиниот локал „Огниште“. Исто така минав прекрасни мигови и во друштвото на пејачот Милан Динчиќ Динча, кој дојде специјално за да присуствува на мојот настап. Сега кога и официјално потпишав договор со менаџерот Бобан Марковиќ знам дека српската естрада набргу ќе чуе за мене и добро ќе го запомни моето име. Наскоро се селам во Белград и ќе имам гостување кое ќе ги остави сите со подотворена уста, но се уште не смеам да откријам ништо за тоа, изјави Тања за Вистина.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега