Порака во шише му го промени животот
Пораката која Австралијанецот Адријан Тротман ја пронашол во шише на плажа во Мелбурн го навела да направи позитивни промени во животот. Тој не морал долго време да се прашува кој е авторот на пораката, Патриција Багизи набрзо се појавила.
Инспиративната порака била напишана од 22 годишна медицинска сестра, во рамки на направената листа за тоа то треба да направи пред да наполни 30 години.
Иако текстот бил напишан на ливче со ознака декември/јануари 2013, шишето не чекало долго за некој да го најде. Патриција во песокот го оставила само еден ден пред Адријан да го пронајде.
-Му открив на пријател дека составив листа и ја запишав во телефон. Го прочита и ми рече дека вечерта ќе ги прецртаме ставките „посета на стриптиз клуб“ и „остави му порака на странец“. Така и беше, вели медицинската сестра.
Таа се израдувала кога на интернет се појавила веста за пронаоѓачот на шишето, а посебно и се допаднало што Адријан на нејзината инцијатива почнал да размислува да истрча маратон за прв пат во животот.
-Се надевав дека некој ќе направи мала промена, бидејќи и таа мала промена може да донесе големи работи, вели Патриција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа