Само за пеколни температури: Освежете се со сок од лубеница

Лубеницата содржи големо количество на вода и е одлична за хидратација на телото за време на жешките денови.

Токму затоа еве еден рецепт за вкусен пијалок од лубеница.

Се што ви треба е свежа лубеница, нож и блендер. Срцето на лубеницата исчистете го од семките и исецкајте го на мали парчиња. Парчињата ставете ги во блендер, додајте шеќер по желба и измешајте.

Ако напитокот ви е густ, додајте вода или коцки лед. Во сокот можете да додадете и малинки, капинки и јаготки. Кој е љубител на кисел вкус, може да стави лимон.

Уживајте во оваа витаминска бомба.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега