Директорот на ФЗОМ во посета на Србија

 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Јован Грповски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Белград.

Тој ќе оствари средба со директорот на Заводот за социјално осигурување на Србија, Зоран Пановиќ.

На средбата ќе стане збор за примената на договорот за социјално осигурување меѓу двете земји во областа на здравството, како и новините и достигнувањата во здравствениот систем во изминатата година. 

 

најчитано сега