Шокантно: 180.000 луѓе годишно умираат од засладени пијалаци

 

Од газирани и засладени пијалаци годишно во светот умираат 184 илјади луѓе, се наведува во првото детално истражување за влијанието на овие напитоци врз смртноста и здравствените компликации поврзани со дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак меѓу оние кои ги консумираат.

Како што се наведува, 133 илјади луѓе починале од дијабетес, кој бил последица од газирани напитоци.

Меѓу консументите на засладени безалкохолни пијалаци забележани се 45 илјади случаи на кардиоваскуларни болести и 6.450 починати од рак.

Авторот на студијата Дарјуш Мозафаријан од Универзитетот во Масачусетс тврди дека исфрлањето од употреба на засладените и газирани напитоци, како и ладните чаеви, треба да биде „планетарен приоритет“.

Податоците се добиени со следење на навиките на 611.971 лице во периодот од 1980 до 2010 година во 51 земја во светот.

Меѓу младото население поголем е бројот на оние кои имаат некоја хронична болест, која е последица од консумирање засладени газирани пијалаци.

Сокот од свежо цедено овошје не бил опфатен во истражувањето.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега