Отишол на забар - останал без својот памет
После едноставна интервенција на заб, поранешниот британски војник Вилијам ја изгуби способноста да создава нови сеќавања.
„Се сеќавам дека седев на столица и дека забарот ми даде локална анестезија“, кажува Вилијам. После тоа, не се сеќава на ништо, а оттогаш ни едно сеќавање не го задржува повеќе од 90 минути.
Кога забарот видел дека е блед, ја повикал неговата сопруга, која го однесла на болница, а таму констатирале дека нема никаков проблем со мозочните клетки и дека најверојатно проблемот е во некој нерв.
Вилијам тешко функционира, не памети нови искуства, времето за него не значи ништо, а со помош на сопругата постојано си запишува пораки во телефонот во посебен документ наречен „Прво прочитај го ова“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа