VIP ги објави новите цени за роаминг
Согласно Одлуката на АЕК Вип започнува со примена на регулирани цени за роаминг услуги во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина за сите Вип постпејд и припејд корисници.
Корисниците на Вип ќе плаќаат регулирани цени за роаминг услугите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и тоа: за појдовни разговори од Србија, Црна Гора или БиХ кон дома и кон овие земји новата цена изнесува 21,11 денари за минута, за дојдовните разговори се наплаќа 5,83 денари за минута, за испратена СМС порака 6,55 денари, а користењето мобилен интернет во некоја од споменатите земји ќе се наплатува по цена од 50,96 денари за 1МБ. Сите цени се со вклучен ДДВ.
Овие регулирани цени ќе се применуваат од 1-ви јули 2015 до 30-ти јуни 2016 година.
За користење на регулираните цени во овие земји не е потребна дополнителна активација за оние корисници кои користат регуларен роаминг ценовник, додека можноста за користење на специјални роаминг опции и пакети останува на избор на корисниците.
Повеќе информации во однос на целокупната роаминг понуда на Вип, како и во однос на советите за користење на услуги во роаминг, корисниците можат да добијат со јавување на 077 1234 или на www.vip.mk.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа