Нема повеќе Бенифер - Холивудскиот пар се разведува

 

Актерскиот пар Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведуваат еден ден по одбележувањето на 10 години брак.

„По долго размислување и внимателно разгледување донесовме тешка одлука да се разведеме. Остануваме во пријателски односи и ќе бидеме посветени заедно да ги одгледаме децата. Ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки моменти за нас. Ова е единствен коментар за оваа приватна, семејна тема. Ви благодариме на разбирањето“, стој во заедничкото соопштение на парот, кој највероватно ќе продолжи да живее заедно.

Бен и Џенифер имаат три деца-ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел.

Причината за развод најверојатно се пороците на Бен - коцка и алкохол.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега