ФОТО: Мисицата ја открива тајната на вечната младост: Има 67 години, а изгледа како да има 30!
Апасра Хонгсакула ја носела титулата „Мис Тајланд“ уште далечната 1965 година. Но иако од тогаш помина точно половина век, се чини дека за Апасра времето застанало.
Нејзиното лице и денес е затегнато, а линијата витка како пред 50 години, а Апасра тврди дека на неа е се „мајка природа“.
Таа денес има 67 години, а во родниот Тајланд сеуште е многу популарна. Покрај титулата мисица, Апасра може да се пофали и со титулата Мис Јуниверс.
Апасра најмногу внимание привлекува поради својот младолик изглед. Многу се прашуваат во што е нејзината тајна, но поранешната мисица не сака да ја открие. Вели дека води едноставен живот, се негува, а останатото е дар на природата.
Странските медиуми пишуваат дека поранешната Мис Тајланд потрошила милиони на својот изглед и дека хируршките интервенции не и се непознати. Нејзиниот менаџер, се разбира, тврди дека на неа е се природно.
- Апасра дури неодамна за прв пат во животот употребила пегла за коса и сфатила дека нејзината коса може да биде и рамна. Убавината се должи на здравиот живот, квалитетната исхрана и на тоа што на сонце се изложува дури откако ќе се намачка со заштитен крем, тврди нејзиниот менаџер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа