Тука пресметајте колку струја трошите дневно
Интересна апликација за Вашиот андроид кој а пресметува месечната сметка за струја.
За струјата едноставно се пишуваат бројките од сега дигиталното броило(СААТОТ по старо) и може да се пресмета потрошувачка на струја за еден саат за еден ден за еден месец.Апликацијата дури има можност за зачувување на состојбата која е впишана.
Пример се пишува состојбата од вчера и за скапа и за евтина струја и се зачувува. Наредниот ден повторно пишувате читајќи од саатот меѓутоа сега во нова состојба и за скапа и за евтина. Кликнувате Пресметај и се е готово бројката ќе ви се појави.
Лесно е и за пресметка на моќност на потрошувач,со тоа што се впишуваат бараните параметри се притиска Пресметај .Пополнувате колку вати троши уредот,за колку време,колку уреди има ако се повеќе ,и цената на струјата. Имате пресметка за дневна, месечна и годишна состојба на потрошувачка.
Апликацијата може да ја преземете тука
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа