Предраг Чераниќ: Ако падне Дамаск, почнува проектот за Голема Албанија
Универзитетскиот професор по безбедност на Бањалчкиот Колеџ, Предраг Чераниќ, смета дека Западниот Балкан е следната дестинација на конфликти, доколку Исламската Држава успее да го заземе Дамаск и да ги оствари своите цели. Проектот Голема Албанија и ИСИЛ, според Чераниќ се зваемно врзани садови. Тој во интервју за Прес24, потенцира дека Западниот свет нема идеја да го спречи ширењето ан Исламската држава, ту напротив по принципот ан Саудиска Арабија, сака да создаде нова меѓународно призната држава, која потоа ќе ја има под своја контрола.
- Ако го заземат Дамаск, а тоа се очекува од силите на исламската држава и се стимулира во тој правец, треба да очекуваме меѓународна конференција за Блискиот исток која за резултат може да има лобирање за меѓународно признавање на Исламската држава. Во тоа ќе предничи Турција и поедини западни држави. На ист начин на кој е создадена Саудиска Арабија, денеска се создава Исламската Држава. Проектирана е како голема сунитска држава која треба да го потисне секое иранско и руско влијание на Блискиот исток и да во политичка и економска смисла да се потполно сврти кон Запад, вели Чераниќ за Прес24.
Тој потенцира дека во таков случај, новиот фронт на Балканот нема да биде знамето на ИСИЛ, туку под знамето на Гоеема Албанија.
- Ако Дамаск падне во рацете на Исламската држава, Балканот е следното жариште. Доброволците кои од балканските држави пристигнаа на сириските боишта ќе се вратат дома и ќе ја продолжат борбата за истата идеологија. Меѓутоа, веројатно ќе се борат под “друго знаме”, односно ќе делоуваат во име на Ал Каеда, со оглед на плановите за меѓународно признавање на исламската држава. Нивна пориоритетна задача е создавање Голема Албанија која треба во првата фаза да се прошири на сметка на Македонија и Србија, а во втората фаза и на територијата на Грција. Црна Гора ќе остане поштедена бидејќи постигна договор со НАТО на наредниот самит на НАТО да добие покана за членство. Новиот калифат треба да го очекуваме во Задкафказието, каде преку Турција ќе се префрлат ударните групи на Исламската држава, вели Чераниќ, кој потенцира дека кумановската акција на македонската полиција била голем удар врз радикалните структури од регионот. Сепак, предупредува дека есенва се можнио нови конфликти.
- Дестабилизацијата на Западниот Балкан ќе продолжи. Македонските сили за безбедност им нанесоа големи удари на силите на злото во Куманово и ги осуетија плановите на терористите да направат хаос во Скопје, но и во Прешевската долина и на северот на Косово. Креаторите на идејата за Голема Албанија се затечени од одлучноста што македонските безбедносни сили ја покажаа во одбрана на земјата. Западниот Балкан е полигон за различни екстремисти. Нови терористички напади можеме да очекуваме на есен, но ситуацијата на Балканот ќе се радикализира ако падне Дамаск, вели универзитескиот професор, Предраг Чераниќ во интервјуто за Прес24.
Тој во ова интервју зборува и за начинот на кој функционира ИСИЛ, како се финансира, но и за неодамнешната видео снимка во која лица од балканот повикуваат на атентати. Според него тоа е снимка стара повеќе од една година, но емитувана сега со политички цели.
ПРЕС24: Една година по формирањето на исламската држава во Сирија и Иран, се чини дека ИСИЛ своите идеи ги шири за создавање нови калифати и тоа надвор од териториите доминантни со муслиманско население. Дали последните напади во Тунис и Франција, како и во Кувајт конечно терба да бидат аларм за светсдката политика дека ИСИЛ е единствениот непријател на мирот во светот денеска?
ЧЕРАНИЌ: Така би требало да биде. Меѓутоа, се плашам дека геополитичките сили, чии интереси мораме да ги земеме предвид кога зборуваме за исламската држава, имаат други планови. Ако го заземат Дамаск, а тоа се очекува од силите на исламската држава и се стимулира во тој правец, треба да очекуваме меѓународна конференција за Блискиот исток која за резултат може да има лобирање за меѓународно признавање на Исламската држава. Во тоа ќе предничи Турција и поедини западни држави. На ист начин на кој е создадена Саудиска Арабија, денеска се создава Исламската Држава. Проектирана е како голема сунитска држава која треба да го потисне секое иранско и руско влијание на Блискиот исток и во политичка и економска смисла да се потполно сврти кон Запад. Паралелите со создавањето на Саудиска Арабија ги наведувам затоа што и Саудиска Арабија по меѓународното признавање потполно го потисна труското влијание на Блискиот исток, а во позадина на нејзиното создавање беше Запад, поточно Британците.
ПРЕС24: Која е најкритична точка во Европа каде исламските радикалисти би можеле да покренат војна за создавање нов калифат. Се чини дека Балканот е тоа подрачје?
ЧЕРАНИЌ: Ако Дамаск падне во рацете на Исламската држава, Балканот е следното жариште. Доброволците кои од балканските држави пристигнаа на сириските боишта ќе се вратат дома и ќе ја продолжат борбата за истата идеологија. Меѓутоа, веројатно ќе се борат под “друго знаме”, односно ќе делуваат во име на Ал Каеда, со оглед на плановите за меѓународно признавање на исламската држава. Нивна приоритетна задача е создавање Голема Албанија која треба во првата фаза да се прошири на сметка на Македонија и Србија, а во втората фаза и на територијата на Грција. Црна Гора ќе остане поштедена бидејќи постигна договор со НАТО на наредниот самит на НАТО да добие покана за членство. Новиот калифат треба да го очекуваме во Задкафказието, каде преку Турција ќе се префрлат ударните групи на Исламската држава.
ПРЕС24: Каква е безбедносната состојба, според Вас, на Балканот денес?
ЧЕРАНИЌ: Загрижувачка. Дестабилизацијата на Западниот Балкан ќе продолжи. Македонските сили за безбедност им нанесоа големи удари на силите на злото во Куманово и ги осуетија плановите на терористите да направат хаос во Скопје, но и во Прешевската долина и на северот на Косово. Креаторите на идејата за Голема Албанија се затечени од одлучноста што македонските безбедносни сили ја покажаа во одбрана на земјата. Воедно, на соседно Косово, од каде терористите дојода, на виделина избија политичките несогласувања помеѓу Хашим Тачи и Рамуш Харадинај. Харадинај, кој на кратко беше уапсен од косовската полиција со обвинение дека е поврзан со терористичката група која беше неутрализирана во Куманово, настојува да ја пеземе власта, во што има поддршка од Еди Рама, албанскиот Премиер. Значи, ниту Косово како извозник на терористи, не е политички стабилно.
ПРЕС24: Неодамна на интернет се појави едно видео во кое на многу професионална снимка, лица од Босна, Македонија, Србија, Косово, Албанија, повикуваат на атентати. Постои ли реална опасност од такви урбани терористички напади?
ЧЕРАНИЌ: Таа снимка е од пред една година. Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги идентификуваше актерите од снимката. Првото прашање гласи, зошто снимката е емитувана неодамна, со која политичка цел? Според мене, целта е дестабилзиација на Западен Балкан, кој не го сакаат во Европската Унија, а од друга страна САД и ЕУ не сакаат руското, па ни турското влијание да биде присутно на овој простор. Западниот Балкан е полигон за различни екстремисти. Нови терористички напади можеме да очекуваме на есен, но ситуацијата на Балканот ќе се радикализира ако падне Дамаск, нешто што веќе го спомнав.
ПРЕС24: Дали балканските држави се подготвени, пред се да спречат, превенираат можни терористички напади, а потоа и да соодветно одговорат на такви предизвици?
ЧЕРАНИЌ: Балканските земји на безбедносните предизвици и закани со кои се соочуваат ќе можат да се спротистават на адекватен начин дури тогаш кога земјите, кои директно се загрозени, меѓусебно ќе се поврзат, односно ќе остварат полна и искрена соработка. Во таа смисла потребно е да се направи лак, Бања Лука – Белград- Скопје. Мислам на мостови, односно врски во медиумска, безбедносна и политичка смисла помеѓу Македонија, Србија и Република Српска.
ПРЕС24: Постои ли врска помеѓу ИСИЛ и паравоените структури од деведесетите на Балканот?
ЧЕРАНИЌ: Секако дека постои. Идејна основа на Ел Муџахида, одредот на исламските војници, кој учествуваше во војната во БИХ на страната на силите на босанските муслимани, беше исламска држава. Тоа се гледа од опростувачкиот говор кој го одржа Расим Делиќ, командант на Армијата на БИХ. Тој конкретно рече: “Оваа војна беше само прво полувреме. Борбата ќе се настави се додека исламот на победи во светот”. Ел Муџахид беше првиот одред на Ал Каеда во Европа. Го сочинуваат странски борци, кои во БИХ дојдоа од многу арапски држави. Значаен број од припадниците на Ел Муџахаид, наместо согласно одредбите од дејтонскиот договор, да ја напуштат БИХ, тие се задржаа во оваа земја и продолжија политички да дејствуваат ширејќи ја вахабистичката идеологија.
ПРЕС24: Ниту една држава официјално не соопштува колкава е бројката на припадници на ИСИЛ од Балканот. Имате ли Вие можеби некои реални бројки?
ЧЕРАНИЌ: Проценките се различни. Податоците кои најмногу се користат, кога е во прашање Босна и Херцеговина, државата во која живеам, велат дека 375 државјани на БИХ војуваат на страната на Исламската држава. Значаен број се и од Косово, но и од Србија и Црна Гора.
ПРЕС24: Како оди регрутацијата на младите од Балканот во редовите на ИСИЛ?
ЧЕРАНИЌ: Голема индоктринација на младите со идеите на исламската држава се одвива по пат на социјалните мрежи и воопшто преку интернет. Во иста функција се и семинарите и разните видови на собирања кои се практикуваат во вахабистичките енклави. И покрај носењето на законот, кој во БИХ заминувањето на ратиштата го квалификува како кривично дело, за што е предвидена и затворска казна и до 10 години, дел од младите и понатаму заминуваат на сириските фронтови. Верувам дека ситуацијата е идентична и во другите балкански земји, посебно потенцирајќи го Западниот Балкан.
ПРЕС24: Исламските весрки заедници во Македонија, Босна и Косово, Албанија, па и Србија официјално не поддржуваат џихад, но се повеќе информации зборуваат дека на проповедите во џамиите се величаат борците на исламот? Дали е тоа институционална криза на ИВЗ?
ЧЕРАНИЌ: Мислам дека Исламските верски заедници се соочени со проблемите кои ги создава прилично агресивната вахабистичка идеологија. Проповедниците на таа идеологија, како што се Билал Босниќ, Нусрет Имамовиќ во БИХ, го величаат џихадот. Иако најстојуваат да им се спротивстават, Исламските верски заедници честопати се немоќни. Имамот Селвадин Бегановиќ веќе четири пати е физички напаѓан откако јавно се обрати кон верниците да не наседнуваат на пропагандите на исламската држава која во БИХ ја спроведуваат нејзините следбеници.
ПРЕС24: Многу теолози велат дека исламот се наоѓа во криза, во каква што беше христијанството во средниот век. Кој всушност ја покрена таа криза?
ЧЕРАНИЌ: Западните земји поради свои економски интереси. Да бидам попрецизен, брилијантните умови кои се во функција на сопствениците на крупниот капитал и банките. Во тек се војни за ресурси. Јас би ги нарекол тие војни геополитички, затоа што е во тек борба за нафта и воопшто за енергенси. За извори на ретки руди, но и за залихи на питка вода. Газибаре е најголем резервоар за питка вода во Европа и на Блискиот исток. Во моментов е во тек окупација на Газибара од Сирија. Зошто исламска држава се бори за Мосул? Кој владее со Мосул, владее со вода без која нема живот во деловите на Ирак населени со шиити.
ПРЕС24: Будењето на радикалниот ислам почнува со почетокот на оние обоени револуции во арапскиот свет. Ако западните држави тогаш ги поддржуваа протестите во име на слободата и демократијата, можеме ли денеска да кажеме дека тие во некој вид се и творци на новиот современ исмамски тероризам?
ЧЕРАНИЌ: Обоените револуции се современ механизам со кој се урива непожелната власт, но и држава. Почнуваат со т.н. ненасилни протести, а секогаш завршуваат со насилство. Што остана од Либија, Сирија, Украина... Гадафи залудно испраќаше апели дека се бори против Ал Каеда. Од воздух Либија ја бомбардираше НАТО, а на копно силите на Гадафи ги напаѓаше Ал Каеда. И на силите на сиријскиот Претседател Башар Ал Асад би се спротиставил НАТО да не беше руското противење и руските воени бази во Тартус. Силите со кои војската на Асад се бори е одредот на Ал Каеда-Ал Нусра Фронт, но и единиците на новосоздадената исламска држава. Постоеше заеднички интерес на западните држави и радикалните исламски движења, а како последица го имаше рушењето на арапските држави на северот од Африка – Либија, Сирија, Египет, во кој по изборната победа на Муслиманското братство е направен воен удар. Тероризмот денеска е во функција на политички и геополитички сидири.
ПРЕС24: Како функционира ИСИЛ. Дали тоа воопшто е некоја држава? Од каде финансии? Кој всушност стои во основата?
ЧЕРАНИЌ: ИСИЛ нема државни граници, нема ни трупи, односно нема воена структура. ИСИЛ располага со специјални тимови и единици, располага со добри информации, што повеќе е одлика на разузнавачка организација. Нивните едниици делуваат брзински и ги разбиваат неуките шиити. Тргнуваат од главните комуникации и тоа денски. Информатички се супериорни. Имаат модерно концепиран весник Дабик и многу интернет сајтови на кои ја пропагираат својата идеологија. Неприкосновени се на интернет просторот. Се финансираат на тој начин што ограбуваат банки и на западните компании продаваат нафта. ИСИЛ не е држава. Тоа е разузнавачка организација. Во функција е дисциплинирање на шиитите, сојузниците на Иран. Исто така, проектот Голема Албанија е во функција на дисциплинирање на православните народи, како потенцијални сојузници на Русија. Исламската држава и Голема Албанија се два споени садови. Создавањето на исламската држава и Голема Албанија треба да се гледаат во контекст на геополитичкото одмерување на силите помеѓу САД и ЕУ од една и Русија и Иран од друга страна. Мислам дека одговорив на вашето прашање.
ПРЕС24: Нападот на Шарли Ебдо во Париз ја навести можноста од антиисламски движења. Постои ли опасност од поширок меѓурелигиски судир?
ЧЕРАНИЌ: Сигурно дека терористичките напади како оној на Шарли Ебдо ја јакнат исламофобијата и во политичка смисла и помага на десницата. Пагида,како анти исламско движење веќе се профилираше во Германија. Не треба да се заборави судирот во Украина, кој покажува тенденција да прерасне во жариште од поширок судир ако во него се вклучи Полска и балтичките држави од една, а Русија од друга страна. Во тој случај можеме да зборуваме за Трета светска војна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа