Прилепчани не можат да се опорават од големото невреме

 

2.700 прилепчани пријавиле штети од невремето кое го зафати прилепско на 23. јуни. Поднесувањето пријави до Комисијата за елементарни непогоди траеше до петокот, а сега комисиите се на терен и ги проверуваат пријавените штети.

- Најмногу, 95 отсто од пријавите се за уништен род на земјоделски површини, пред се со тутун. Опфатени се околу 500 хектари. Пријавувањето заврши во петокот, сега комисите се на терен и треба да ги изготват извештаите, а до 5-ти јули и комплетниот елаборат, вели Александар Неделкоски, претседател на Општинската комисија за елементарни непогоди.

Во побрзото изготвување на извештаите помагаат една стручна и уште 4 комисии кои се на терен. Деновите од петти јули гланиот елаборат ќе го разгледува Комисијата за елементарни непогоди за, околу 12 јули, да се одржи седница на советот на општина Прилеп кога советниците треба да го изгласаат. Потоа документацијата треба да се достави до владината комисија за елементарни непогоди. Владата ќе ја одредува висината на обештетувањето на земјоделците.

За време на посетата на Прилеп и средбата со земјоделците, министерот за земјоделство Љупчо Димовски нагласи дека лично ќе се заложи целата процедура да се заврши во што побрз рок за да се обештетат земјоделците. Тој ги повика земјоделците да го осигураат родот, за што владата субвенционира 60 проценти. 

најчитано сега