Познатиот актер се откажа од своите деца

 

 

Пејачот и актер Бил Хадсон, татко на актерите Кејт Хадсон и Оливер Хадсон, јавно се одрече од своите деца и изјави дека не сака да ги види во својот живот, поради објава на социјалните мрежи по повод Денот на татковците.

Кејт и Оливер се во лоши односи со својот биолошки татко, кој нивната мајка Голди Хон го напушти 1980 година. Хон потоа започна врска со Курт Расел, а нејзините деца го прифатија како татко.

По повод Денот на татковците, Оливер на социјалните мрежи објави фотографија со сестра му и татко им, а на неа напиша: „Среќен ден на напуштањето“.

Потоа обајвил фотографија со својот очув за која напиша: „Среќен ден на татковците, тато“, а слични објави постирала и неговата сестра.

Поради таквите реакции на децата, Бил за Дејли Мејл изјави дека никогаш во животот не сака да ги види неговите најстари деца.

„Имам пет деца, вклучувајќи ги и трите од другата врска, но сега се сметам за татко на три деца. Оливер и Кејт веќе не ги препознавам како мои деца. Сакам да ги замолам да престанат да го користат презимето Хадсон. Веќе не се дел од мојот живот“, изјави лут Бил и додаде дека од својот дом ги исфрли сите фотографии од Оливер и Кејт.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега