Поевтинување: Регулатона ги објави новите цени на горивата во Македонија

 

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за 1,5 денари. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Од полноќ  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде поевтин за половина денар и ќе се точи за 71 денар по литар, а за исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 кој ќе се продава за 73 денари по литар.
Дизелот поевтинува за денар и половина и од полноќ на бензинските пумпи во Македонија ќе можете да наточите еден литар за 55 денари. За 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 43,5 денари за литар.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега