Нов мобилен оператор во Македонија - Албафоне за македонските Албанци
За две недели во Македонија ќе се појави нов мобилен оператор кој ќе биде насочен кон Албанците во Македонија, Албафоне.
- Албанските корисници ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик, изјави денеска Ардиан Хоџа, извршниот директор на Албафоне.
Роберт Орданоски од Агенцијата за електронски комуникации на Македонија објасни дека Албафоне е мала, но сериозна фирма која ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, а веќе потпишала и договор со АЕК. - Виртуелните оператори можат да бидат многу профитабилни. Таков е случајот со „Вирџин“ во Англија,истакна денеска Орданоски.
Инаку, моментално во Македонија 49 одсто корисниците на мобилна телефонија припаѓаат на Т-мобиле, 28 отсто се корисници на ВИП, а останатите 23 отсто од граѓаните ги користат услугите на ОНЕ.
Исто така, Орданоски денеска истакна и дека мобилниот оператор Албафоне ќе допринесе за нови вработувања.
ФОТО: А1.он