Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска во СЦ Јане Сандански

Со почеток во 13 часот, во СЦ Јане Сандански во Скопје, денеска ќе се одржи 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Свое обраќање на годишната конференција ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат дека „Јане Сандански“ ќе биде премало за енергијата на УМС.

-Денес е денот кој ќе ги обедини сите млади. Да си УМС е светост. Денес е денот што го чекаме цела година... Денот кога секој карактер, секоја единка, секоја генерација се спојува во едно.... Во она светото... Во ВМРО! Денес ќе ја покажеме силата, енергијата, креативноста, моќта, единството... Денес е денот кога срцето лупа во такт на УМС, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега