„Република“: Радикални властољупци со ултиматум за спас на сопствената кожа
Господ го создал светот за седум дена. „Црпнатиот“ спасител од Муртино, пак, сака да ја уништи Македонија за 10... Не грижете се, бројките не му одат. Владата требаше да падне за три дена, поминаа 130. Имаше 15 бомби, сега се 40. Задолжителното полагање математика на матура и не беше толку лоша идеја. Тие, пак, да ти учеле „радикализација“, ама кај Фрчко. И потоа Цацко им е виновен. А и тој да ти бил дел од отпорот. Маки...
Република пишува дека резултатот од „бомбите“ на СДСМ, конечно, е јасен и видлив. Во текот на овие 130 дена, опозицијата се разголи. И буквално и фигуративно.По разговорите на Заев со ќерка му и интервјуто за „Радио Слободна Европа“, единствено нешто надвор од снимките за власта беа папките за мегасоросоидните НВО, кои останаа мистерија (или беа празни?) но кои откако некогаш СДСМ ќе победи, ќе мораат да се викаат само „О“, т.е. ќе бидат само организации. Тогаш „невладини“ или НВ ќе отскокнува од авион. Иако, и сега прекрасно би им одговарала кратенката ОО (опозициски организации) или најсоодветно би им „стоела“ кратенката „СС“, во превод соросоидни сателити.
Соголувањето на врхушката на СДСМ, пак, потпомогнато од високата температура, на тацна ја сервираше и причината за најавената радикализација на партијата. Разголувањето уште толку ја нагласи потребата од спас на сопствената кожа. Недостигот од аргументи, сега јасно увиден и од ЕУ и од САД, ја оттргна можноста за спас преку употребата на „Божјата рака“ на меѓународната заедница. Сега, спасот од судските процеси што следуваат се гледа во членството, кое ќе треба да го спаси лидерот од законот. Гандиевизацијата, со години пропагирана од Фрчкоски, сега потпомогната и од спроведувачот на анкети Спасов, треба да ја отелотвори во дело граѓанската непослушност на партијците. Кампот се покажа како антиреклама, „бомбите“ испаднаа петарди, а над Заев висат два случаја за мито и еден за незаконски обид за преземање власт со уцена. Нема друго чаре освен Спасовата „гандиевизација“. Проблемот е како да ги натерате сдсмовците, како приврзаниците на Ганди, во знак на протест да ги напуштат работните места во администрацијата, во исто време кога други партијци пред владата спијат и живеат таму за да ја добијат истата таа работа?!
Мизеријата на обвиненијата кон Јоханес Хан не ја изненади јавноста. Дури и новинарските, опозициски чеда што „израснаа“ на пари и на проекти на ЕУ ги „репетираа“ своите интернет-сајтови и распукаа по еврокомесарот. Тука се поставува прашањето: како тоа еден еврокомесар, кој е пандан на министер во влада, работел на своја рака? Демантот на опозициското лошо составено „оцрнување“ на Хан дојде и од претседателот на ЕУ, Јункер. Но СДСМ не лаже, нели, ниту, пак, нивните „професионални“ медиуми, кои не влегуваат во политички шеми и не одработуваат?! Со топлото време, се разголеа и медиумите и опозиционерите и „невладините“, кои, дефинитивно, се антивладини…
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа