Тркалезна маса за самохрани родители и нивните права

Тркалезна маса за самохрани родители во рамки на проектот „Психосоцијална рехабилитација на самохрани родители на ниво на личен развој, личен идентитет, припадност на општествени групи, лидерство“ се одржа денеска во Куманово.
 
Проекотот го спроведува здружението „Доверба„ од Куманово во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Агенцијата за вработување и кумановскиот Црвен Крст, а се спроведува со поддршка на Владата. Целта на проектот е да се информираат самохраните родители за нивните права, да добијат поддршка од институциите при остварување на правата и да се интегрираат во заедницата, но и да добијат поддршка во однос на психосоцијална рехабилитација, лично зајакнување и подобрување на комуникација.
 
Преку проектот самохраните родители добиваа помош од  стручни лица од сферата на  социјална заштита, психотерапевти, медијатори.
 
- Проблемот многу малку е медиумски покриен и многу повеќе се работеше досега на процесот пред развод и за време на развод, но не и после разводот, така што тие се чуствуваат дека самите мора да ја изнесат тежината и проблематиката, во однос на одджувањето на семејството, одгледувањето на децата, материјално, психички и од секоја природа, изјави Дивна Јанкова, претседател на здружението „Доверба„ Куманово.
 
Таа додаде дека преку проектот директно се влијае на самохраните мајки да бидат свесни за своите можности. Проектот ги насочува самохраните родителите како полесно да се интегрираат во заедницата.
 
- Целта е самохраните родители да се запознаат со начините како да ги надминат проблемите со кои се среќваат, да се запознаат нивните потреби, но и добро да се информираат кои се правата кои можат да ги остварат и на кој начин, вели Сунчица Димитријоска, професор на Филозофски факултет од Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје.
 
Додава, дека самохраните родители преку заедничка вклученост на владини и невладини институции од овој проект се стекнале со вештини кои се важни при одгледувањето на децата, со кои рече  дека до некаде  имале проблеми во зависност од возраста, материјалната состојба за снаоѓање е во средината.
 
- Нивните потреби се индивидуални и зависат од поддршката што ја имаат од семејството, од пријателите, институциите од што зависи остварувањето на нивните права, изјави Димитријоска.
 
Христина Алексовска, 26-годишна самохрана мајка смета дека одржаните работилници  на кои предавачи биле стручни лица им помогнале на оваа категорија граѓани во насока на јакнење на самодовербата и личниот развој.
 
- На работилниците не чуствуваме никаква дискриминација и бевме информирани за нашите права. Работеа со нас и на психосоцијална рехабилитација и ни беше објаснето како да се справиме со стресот, изјави Алексовска.
 
Проектот се очекува да  послужи за подготвување на предлог стратегија со краткорочен и среднорочен ефект за јакнење на самохраните родители и разгледувањето на проблематиката и нивна помош и соработка.
 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега