Еве што се случува со мозокот момент пред смртта

Кога ќе помислиме дека умираме, мозочната активност се променува, се искривува перцепцијата и се зголемува меморијата, открија научниците од Бејкрест институтот за истражување на здравјето, пишува британскиот портал „Дејли Маил“.

Овие мозочни промени се испитувани врз лица кои успеале за влакно да ја избегнат смртта. Како пример се испитувани патниците кои патувале со авион, кој останал без гориво за време на лет над Атланскиот Океан, па за да не слета во водата, слетал на остров. Овој трауматичен настан, испитаниците повторно го доживеале кога им била прикажувана видео снимка на која била реконструирана авионската несреќа. Додека ја гледале видо снимката сите испитаници се сетиле на огромна количина на детали во врска со доживеаното искуство, а во тој момент забележана е голема активност во делот на мозокот поврзан со емоционалната меморија, вклучувајќи амигдал и хипокампус.

Освен тоа видео, им бил прикажан и терористичкиот напад изведен на 11 септември 2001 година и еден неутрален настан. На снимката од терористичкиот напад се случила иста мозочна активност, а на неутраланта снимка не е забележана зголемена активност.

 

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега