Романтичното запросување на водителката на „X-фактор“

Водителката на „X-фактор“ Антонија Блаче, овие денови се подготвува за нејзината свадба со долгогодишниот партнер, ватерполистот Хрвоје Блерчиќ. По шест години врска  ја запросил својата сакана на незаборавен и романтичен начин. Додека уживале на брод со своето друштво, од брегот почнале да свират трубачи, а над водата бил спуштен голем напис „Биди мојот единствен порок“.

Двојката одлучи свадбата да се организира овој викенд, и немаат посебни барања, само гостите да бидат опуштени, свадбата да биде весела и сите да се забавуваат.

– Тајната на успехот, не само во бракот, туку и во животот е да не се драматизира премногу, да не се ставаш себеси пред партнерот и да не се истакнуваш како поважната личност. Не треба да се комплицираат работите – вели таа.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега