Девојки еве кога е право време да имате дете
Повозрасните мајки раѓаат здрави деца кои се поуспешни во животот од децата кои се родени од мајки помлади од 19 години, покажуваат последните истражувања.
Истражувачот од британскиот универзитет во Саутемптон, Каролин Фол, заедно со своите колеги, проучувале 19.403 деца земајќи ја предвид староста на мајките кога се порудувале. Тие заклучиле дека мајките тинејџерки и постарите од 35 години имаат поголем ризик од превремено пораѓање, а адолесцентките најверојатно ќе имаат деца кој се со забавен развој и нема да завршат средно училиште.
Податоците се собирани во периодот од 1969 до 1989 години, во пет држави и применувани се различни методи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа