Зорица Брунцлик се огласи по сите навреди на нејзина сметка
Зорица Брунцлик која беше дел од жирито на Ѕвездите на Гранд, се огласи по сите навреди и шеги упатени на нејзина сметка. Имено, Аца Лукас се фотографираше со Кеба кој ја замени на судиското столче, а потоа и Ана Бекута се огласи со статус кој беше шега на сметка на Зорица.
- Да не е тажно би било смешно. Нема да направам и одговорам ништо што би ги заболело колегите исто како што ме боли мене, изјави кратко и јасно ЗОрица по случувањата.
За потсетување, Зорица со отворено писмо кое го објави на социјалната мрежа Фејсбук, обелодени дека го напушта шоуто и веќе нема да седи на судиското столче. Излегоа гласини дека се скарала со Саша Поповиќ за реклама бидејќи на Ана Николиќ и нејзиниот задник и посветиле пет минути, а на Зорица која има 40-годишна кариера, и посветиле само две минути.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа