Големи светски продукции ќе снимаат во Македонија, за „Игра на престолите“ се уште нема барање

Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, нема информации дека серијата „Игра на престолите“ (Game of thrones) ќе се снима во Македонија, како што објавија некои портали во земјава.

- Официјално не знам дека воопшто продуцентите на таа серија се заинтересирани да дојдат во Македонија. Можеби постои некоја желба, но мислам дека сето ова произлезе од напис на некој локален веб-портал. Кога некоја странска продукција доаѓа да бара локации, вообичаено комуницира со некој од локалните продуценти кои ги познаваат сите локации низ Македонија. Се консултирав со сите колеги. Доаѓале за други филмови и серии, но за оваа серија никој не дошол официјално да побара такво нешто. Не може да планирате снимање на некоја локација без да ја посетите и да видите дали таа локација може да се обезбеди, дали завод за заштита на спомениците би одобрил снимање на некој заштитен локалитет или градот би дозволил пристап до локацијата. Сметам дека ова е далеку од некоја сериозна приказна, рече Башески одговарајќи на новинарско прашање. 

Соопшти дека има продукции од САД, Франција и Индија кои ќе дојдат да снимаат во Македонија. 

- Сигурно е дека голема француска продукција доаѓа во септември да снима голем француски филм. На почетокот на септември, со отворањето ан ИФФК „Браќа Манаки“, најавено е доаѓањето на седум или осум големи продуценти од големи филмски студија од САД, ќе дојдат индиски продуценти заинтересирани да снимаат во Македонија, како и голем американски продуцент кој продуцирал филмови на Брајан де Палма, информираше Башески на прес-конференција за работилницата за продуценти на ЕАВЕ.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега