Коѕиас утре пристигнува во Скопје

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, утре ќе престојува во Скопје каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски. По средбата со Попоски, Коѕиас ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а потоа и со премиерот Никола Груевски, соопшти грчкото МНР.

Шефот на грчката дипломатија подоцна ќе биде примен од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со кого ќе има и работен ручек.

Коѕиас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега