ВНИМАВАЈТЕ: Жена заврши во болница поради тесни фармерки

 

Подолгото седење и одење во многу тесни фармерки може да ви предизвика проблеми со здравјето. Како што предупредуваат австриските лекари, тесните фармерки можат да донесат голем број компликации, па тие се соочиле со еден од нив кога жена дошла кај нив и им кажала дека не си ја чуствува ногата откако подолго време носела тесни фармерки.

Се работи за 35-годишна жена која била примена во болница откако се онесвестила по долгото помагање на свој роднина да се пресели. Таа носела тесни фармерки со кои едвај се движела и клекнувала, па се тоа завршило фатално.

- Носела тесни фармерки и почнала да се жали работејќи како и се се понеудобни. Касно вечерта веќе не си го чуствувала стапалото на себе, пишува "Journal of Neurology Neurosurgery and Psychiatry" за настанот.

Бидејќи жената од болки не можела да стане, неколку часа лежела на под додека не ја пронајдат и пренесат во болница. Лекарите морале да ги исечат фармерките за да ги остранат од неа, а жената не можела да си ги помрдне прстите. Всушност, тесните фармерки во комбинација со тоа што жената постојано се движела, кревала тешки предмети и клекнувала, придонеле да престане дотокот на крв до мускулите и така таа загубила контрола на нозете.

Оштетувањата ги шокирале лекарите.

 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега