Пратениците со полни раце работа

 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 54-та седница, со расправа за измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во прво читање. 

На дневен ред, меѓу другите, се измените и дополнувањата на Законот за хемикалии, на Законот за катастар на недвижности, како и измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и Предлог на закон за урбано зеленило, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик на Република Македонија, како и за барање за автентично толкување на член 5-б став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега