Целата генерација брои 8 ученици - еве за кои гимназии во Македонија има најмалку заинтересирани

 

Во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, за упис во прва година има голем број слободни места. 

Според секретарот на установата, Шабан Алајбегу, во дебарската гимназија „Здравко Чочковски“ има 249 слободни места. Од нив, за настава на македонски јазик се 128 додека на албански 164. При тоа 130 за гимназиска и 34 за геодетско-градежна насока.

- Во прва година, според конкурсот на Министертвото за образование и наука, се предвидува упис на 340 завршени осмооделенци, од нив 134 на македонски наставен јазик, односно четири паралелки, од кои три во Дебар и една во селото Могорче. Останата бројка се за настава на албански јазик и тоа пет паралелки гимназиска и една градежна сите во Дебар. Во првото пријавување се запишале 48 ученици сите гимназиска насока, од нив 8 ученици за настава на македонски и 40 на албански наставен јазик, изјави Алајбегу.

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа од вкупно планираните 102 ученици, од кои 34 за настава на македонски и 68 на турски наставен јазик, пополнети се само осум, по четири на двата наставни јазика.

Според директорот Аќив Селман, во второто пријавување слободни места за упис за настава на македонски има 34 додека на турски 64. 

најчитано сега