Чавков: Во транспаретна судска постапка да се расчисти случајот во кумановски „Тоде Мендол“

Нако МВР нашиот дел од активностите ги завршивме, со спроведувањето на увидот на лице место со кое раководеше Јавното обвинителство, подигнати се и обезбедени сите траги како докази за настаните и случувањата, сега нашите очекувања како и вашите се ЈО во една транспарентна судска постапка да се расчистат сите околности за случајот во Куманово, изјави министерот Митко Чавков при денешната посета на месната заедница „Тоде Мендол“. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека досега нема покренато барање за меѓународна истрага во случајот Куманово и оти за тоа нема потреба. За целите на дејствувањето на криминално-терористичката група, Чавков рече повтори дека тие имале намера да извршат дестабилизација на државата преку напад на одредени витални објекти во РМ. - Но не би сакал да прејудицирам во однос на тоа прашање, бидејќи ќе повторам дека се води ефективна истрага и дека судскиот процес ќе даде одговор на сите тие прашања, изјави Чавков. Што се однесува до состојбата со мигрантите, министерот Чавков уште еднш истакна дека со овој проблем се соочува не само Македонија туку Европа и светот и оти МВР и Владата преземаат сплет на на мерки и актовности. - Меѓуресорски се кооординираме, воспоставено е меѓуресорско тело, односно работна група која на министерско ниво се среќава еднаш неделно, додека опертивно претставници од различни министерства секојдневно комуницираат меѓусебе, се со цел за амортизација на овие проблеми, изјави министерот. За целосна амортизација на овие проблеми, посочо тој, на сила стапи Законот за азил и сега се постапува по овие измени со кои треба да се обезбеди соодветно превенирање или соодветно постапување кон мигрантите, за да не бидат изложени на криминални групи и банди. - Сега тие имаат право да користат јавен превоз, имаат право за 72 часа да се јават со барање за азил. Сметам дека за сега соодветно ги менаџираме овие проблеми, но морам да кажам дека ескалацијата ќе продолжи и понатаму, знаете дека на ниво на ЕУ секојдневно се водат различни дискусии и се бараат конзистентни решенија. Се уште сме сведоци дека и на ниво на ЕУ нема најдено сеопфатно решение за овие проблеми, изјави министерот Чавков. Македонија, според него, веќе има притисок од држава на ЕУ од границата со Грција, потенцира тој посочувајќи дека, земјата прави максимални напори да соработува меѓународно, како и со колегите од Србија кои подолг период имаат исто така засилени мерки и активности. - Исто така и ние имаме засилени мерки кон грчката граница. Превенираме влегување на некој начин и го насочуваме кон новите законски измени и се надевам дека со заеднички напор, меѓуресорски ќе успееме да ги менаџираме состојбите, односно да ги амортизираме проблемите кои ќе се јавуваат, рече Чавков. На прашањето мигрантите може да ја минат границата, министерот рече дека не можат затоа што тоа се мигранти и немаат валидни документи. - Затоа и овие проблеми ќе ги решаваме на сите нивоа, национално, регионално и во рамките на ЕУ, изјави Чавков. Министерот Чавков е задоволен од спроведените акции за спречување на криумчари на мигранти. - Направивме две акции и сум задоволен од резултатите, особено во последната каде што беше зафатена една структуирана меѓународна групација, затоа што подолг период работеше на организирано криумчарење на мигранти, изјави министерот. Одговарајќи на новинарски прашања, министерот потенцираше дека се уште официјално не го добил извештајот од ЕК за работата на УБК, но дека е запознаен со наодите преку медиумите. Министерот потенцираше дека доколку има одредени слабости веќе се решаваат и ќе се работи уште посилно со реформски процеси и во иднина на елиминирање на слабостите. Изјави дека од 2006 година наваму направени се повеќе реформи, орагнизациски, структурни и функционални, што е евидентирано преку годишните извештаи на ЕУ за напредокот што Република Македонија го остварува во тој дел. - Од друга страна сведоци бевте и како заедница на многуте ризични и тешки операции кои МВР ги има спроведено во тој период кој што го спомнав од 2006 па наваму и мора да кажам дека во реализацијата на сите тие комплицирани или суптилни операции не сме работеле само на национално туку и на регионално и меѓународно и слободно можам да кажам дека МВР отсекогаш бил и сега е релевантен партнер на останатите агенции на спроведување на законот во државите на ЕУ, така што во контекст на вашето прашање свесни сме дека има одредени слабости, тие слабости ќе бидат разгледани и иако се разгледуваат во еден подолг временски период и досега, соодветно ќе се реагира на елиминирање на таквите слабости низ определени реформски процеси, изјави Чавков. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денеска имаа средба со жителите на населбата „Тоде Мендол“, каде на 9 и 10 мај се одвиваше полициска акција за сузбивање криминално-терористичка група, со претставници на СВР Куманово, на граѓански орагнизации и Исламската верска заедница.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега