Ќе се реконструира водоводниот систем во Неготино

Општина Неготино ќе го реконструира водоводниот систем и објави повик за прибирање понуди за избор на изведувач на работите, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.

- Овој повик за прибирање понуди е во согласност со општите правила на проектот, Република Македонија прими заем од Светската банка за спроведување на проект за подобрување на општинските услуги и Неготино е партнер во тој проект, соопштиле од општината.

Ќе се реконструира водоводниот систем во улици во градот во должина од 8 километри,а предвидено е проектот да трае 9 месеци.

- Во тој период ќе се замени водоводната мрежа кај која се детектирани најголеми дефекти и загуби на водата на улици во градот, нагласиле од локалната самоуправа.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега