Пратениците ќе расправаат за Царинската тарифа
Денеска македонското Собрание треба да ја продолжи 65. седница, на која пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа, по скратена постапка.
На дневен ред се и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Преземен и изменет договор за заем за Проектот за подобрување на постојаната регионална и локална мрежа, кој ќе се случи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за дополнително финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за животната средина, на Законот за минерални суровини, како и за измените на Законот за тутун и тутунски производи, сите по скратена постапка.