Во манастирот Св. Јоаким Осоговски започна 25. Копаничарска колонија

Во организација на Здружението на копаничари на Македонија синоќа во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше отворена 25-та Меѓународна копаничарска колонија.

На свеченото отворање присуствуваа Митрополитот Кумановско-Осоговски г.Јосиф, архиерејскиот намесник на Кривопаланечкото архиерејско намесништво, Александар Смиљков и бројни гости од општествениот и културен живот во Крива Паланка.

На годинашната колонија учествуваат 14 копаничари од Македонија, Србија и Бугарија.

- Оваа година одбележуваме 25 години од постоењето на колонијата, а овој јубилеј ќе биде во знакот на „подмладување“ на колонијата со тоа што од вкупно 14 учесници, четворица се младинци, информира Борис Попев, организатор на колонијата.

Попев потенцира дека изминатите неколку години младите копаничари се повеќе пројавуваат интерес за учество и, како што рече, усовршување на резбарските вештини на летната копаничарска школа.

- Радува фактот што се повеќе млади изразуваат желба да навлезат во тајните на копаничарството. Од четворицата младинци, учесници на колонијата, годинава имаме двајца од Крива Паланка, еден младинец од домот за глувонеми од Скопје, жител на Крива Паланка и едно девојче. Бидејќи колонијата е меѓународна, имаме по двајца учесници од Република Србија и Република Бугарија, додаде Попев.

Меѓународната копаничарска колонија ќе трае до 27 јуни, а копаничарите ќе творат традиционална македонска резба.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега