Паднато дрво го блокираше сообраќајот - важна вест за возачите

Поради паднато дрво на патот, од 18.30 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Битола - граничен премин „Меџитлија“, на местото викано „Лажачки мост“ во атар на село Лажец.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин за сите видови моторни возила.

АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега