Груевски: Нашата цел е што е можно побрзо да станеме член на ЕУ и НАТО

Нашата цел е најбрзо можно нашата држава да стане член на НАТО и на ЕУ. Нашата цел истовемено е и континуиран раст на економијата, раст на животниот стандар и отворање на нови работни места. Нашата цел е континуирана и непрекидна борба против криминалот и корупцијата.

-Нашата цел е градење на општество со добри меѓуетнички односи, во кое сите граѓани имаат подеднакви шанси и можности.Нашата цел е општество базирано на знаење и креативност, на иновативност и силен претприемачки дух. Основитекои нашата партија делувајки преку владата ги направи, со нискиот и рамен данок, преку кој се овозможува наместо во буџетот, повеќе пари од профитот да останат во компаниите кои со нив ќе прават инвестиции и ќе отвораат нови работни места,  со заштита на сопственоста  преку процесот на денационализација, легализациите, или враѓањата на запленетите приватни пари  од банки и штедилници, и генерално со зајакнато гарантирање на приватната сопственост,  со можности за бесплатно средно образование, со високо образование распространето насекаде низ Македонија и достапно за сите етнички заедници, со подигнување на квалитетот на образованието, со промоцијата на семејните вредности, со подршката на повеќедетните семејства и мерките за подршка на демогравската политика која по долги години на опаѓање на демографијата, конечно имаме првични позитивни придвижувања во тој дел,  со мерките со кои на младите им се помага да креираат подобар живот и да останат во земјата наместо својата среќа да ја бараат надвор, со привлекување на странски и охрабрување на домашните инвеститори да инвестираат во Македонија и да отвораат нови работни места, посочи Груевски.

Тие основи, рече тој, ќе ја движат Македонија напред.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега