Македонија е дел од меѓународната заедница и ќе продолжиме да работиме на зголемување на стандардите

Македонија е дел од меѓународната заедница и ќе работи посветено на сопствениот развој и развојот на односите со другите. Ние ќе продолжиме да работиме на она што го говорев и на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, на подигнување на стандардите.

Ова денеска го порача претседателот на Владата, Никола Груевски на прославата по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наша мисија е, постојано и постојано зголемување на стандардите во сите свери и во сите сектори. Колку повеќе ги зајакнуваме и подигнуваме стандардите толку посилни ќе бидеме, колку и краткорочно да ни изгледа болно или непотребно тоа. Стандардите во образованието, стандардите во здравството, стандардите во судството, стандардите во администрацијата, стандардите во демократијата, стандардите во екологијата, во економијата, во безбедноста, во сите сфери и области. Издигнувајќи ги тие стандарди, се издигнуваме себеси, градиме нова култура на живеење, поголем ред и поредок, поголема правда, посилно образовани, поефикасна администрација, или кратко кажано, посилни институции, посилни индивидуалци и посилна држава, подвлече Груевски.

Се додека стандардите се ниски, ќе има злоупотреби дури и од оние кои најмалку сакаат да ги прават, додаде тој и подвлече дека затоа што гледајќи дека и други ги користат слабостите, сфаќаат дека мораат така да делуваат за да опстанат.

-Затоа, мораме да продолжиме со промените кон подобро. На тој пат, искуствата и препораките кои доаѓаат од ЕУ, на патот кон нашето зачленување во неа, ќе бидат наш искусен советник. И кога не слушате како говориме дека правиме или ќе правиме реформи, тоа значи промени и чекори за зголемување на стандардите. Повисоки стандарди за посилна држава, заклучи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега