Почнува градбата и реконструкцијата на автопатот Куманово-Скопје и Гевгелија-Смоквица, Штип-Радовиш

Премиерот Никола Груевски во својот говор по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека граѓани преку стотиците изградени и реконструирани локални и регионални патишта, преку градбата на обиколницата околу Скопје, автопатскиот дел од 9 километри меѓу Куманово и Табановце и моменталната градба на три автопати, едниот Кичево-Охрид, вториот Скопје-Штип и третиот Демир Капија Смоквица, ги почувствуваа позитивните промени.

-Во јули-август годинава почнува реконструкција на автопатскиот дел Смоквица Гевгелија, 10 км, а во декември истото на потегот Куманово Скопје, 23 км. Штип Радовиш проектот ќе е готов во октомври а во првата половина на 2016 ќе почне градба на експресен пат со 4 ленти, 38 км, онака како што ветивме во програмата, подвелече Груевски.

 

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега