Груевски: Одиме на победа на оние кои работат, над оние кои се служат со интриги

Како што истакна премиерот во своето вечерашно обраќање, ВМРО-ДПМНЕ оди на победа на оние кои работат, кои градат и создаваат, над оние кои се служат со интриги.

-Да, тоа ќе биде вистински историска победа, победа на нашиот наспроти нивниот концепт, тоа ќе биде победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации, победа, на оние кои со континуирани напори низ реформи и промени, ја придвижуваат земјата напред, наспроти оние кои веруваат и се борат преку создаваање криза во земјата, криза во економијата, бркање на инвеститорите кои отвораат нови работни места, да се доберат до власт. Победа на оние кои градат, кои градат патишта, железници, мостови, аеродроми, фабрики, институции, итн, над оние кои прават се, да ја запрат таа градба, за преку неа да не се препознае нивната безидејност и неработење во минатото, затоа што народот повеќепати им даваше шанси. Победа на оние кои се трудат да му удоволат на народот преку реализација на ветеното, над оние кои гледаат и очекуваат некои други, како што гордо пишува во смс пораките Заев до Тачи, некој друг да ги донесе на власт. Не спремаат, вели да не донесат на власт пријателите. Не им е пријател народот, туку некој кој ги спремал за на власт, тој го нарекуваат пријател, посочи премиерот.

И конечно, рече тој, победа на оние кои веруваат во моќта на народот, над оние кои веруваат дека народот е лесен за манипулирање.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега