СДСМ призна дека ги прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски

По многубројни контрадикторности, лаги, побивање на веќе кажаното...СДСМ конечно призна дека прислушкувањето дошло од структурите на Зоран Верушевски и Звонко Костовски.

Во соопштението кое го испрати опозициската партија, по повод извештајот подготвен од Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската комисија, тие признаваат дека прислушувањето е спроведено од осомничените во „Пуч“.

-Во Извештајот на европската експертска група, подготвен од Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската комисија децидно е наведено дека снимките што ги презентираше СДСМ, „според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба“, стои во соопштението на СДСМ.

Со ова тие јасно признаваат дека прислушкувањето дошло од внатре, од разузнавачката служва, во период кога токму тие имале внатре свои луѓе.

Односно тоа значи дека и СДСМ индиректно потврдува дека Верушевски како поранешен разузнавач и првоосомничен, заедно со петтосомничениот, Звонко Костовски како шестоосомничениот во „Пуч“ го извршиле прислушкувањето.

СДСМ со ова само го потврди обвинението за „Пуч“.

Според обвинението кое го објави Кривичниот суд Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и тонско снимање, за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски и одговара за неовластено прислушкување и шпионажа.

Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпоонажа. Лидерот на СДСМ Зоран Заев е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи. Петообвинетиот е Бранко Палифров кој ќе одговара за истото дело како и Зоран Заев.

Шестоосомничениот Костовски веќе призна дека шпионирал и неовластено прислушувал.

Досега огромен број на пати бевме сведоци како Заев манипулира и ги менува ставовите за неговата инволвираност.

Прво Заев лажеше дека не се4 познава со Верушевски. Потоа призна дека имале некаква соработка. Малку подоцна поека објаснуваше колку се блиски, дека имале средби во Скопје и Струмица, дека комуницирале преку писмо. Не само што Заев имал средби со Верушевски, како што самиот признава, туку и самиот тврди дека Верушевски бил претседател на Комисијата за безбедност на СДСМ, потврдувајќи дека истиот тој Верушевски за кого претходно ја убедуваше јавноста дека воопшто не го познава, всушност бил партиски фунционер на СДСМ кој раководел со партиска комисија.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега