Многу пиво, скара и добра музика - Прилеп ќе гори

Богата програма за време на четирите фестивалски  денови ќе имаат можност да проследат посетителите на овогодинешниот тринаесетти по ред „Фестивал на пивото“.  Забавата оваа година е резервирана од 16 до 19 јули, а како нејзини водители се Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски.

По тринаесетти пат од 16 до 19 јули Прилеп ќе биде местото каде покрај богатата понуда на пиво и скара, посетителите ќе уживаат во изведбите на естрадните забавувачи од разни жанрови  се со цел да се задоволат сите генерациски вкусови.
 
Во четврток посетителите ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Коваќевиќ , DJ Славе, Мето, Мартин и Синиша. Во петокот свој настап ќе имаат Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.
 
Во саботата настапува македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека пак во неделата свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
 
И  оваа година нема да изостанат придружни манифестации со кои ќе се анимираат посетителите   во  градот под Марковите Кули, а за авантуристите предвидено е и бесплатно кампување  на Могилата. 
 
Она што со сигурност може да се гарантира е одлична забава за која ќе се зборува цела година.
 
 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега