Ставовите на СДСМ и Заев се менуваат преку ноќ - сега за нив важи договорот од 2 јуни

Ставовите на СДСМ и на Зоран Заев се менуваат преку ноќ.

Околу договорот од 2-ри јуни, опозицискиот лидер не може да се договори ниту со самиот себе. По вчерашната средба беше испратено соопштение во кое се наведува дека овој договор важи и СДСМ се враќа на него. Но, Заев неодамна не рече така.

СДСМ по првичните преговори се огради од договорот и челниците на партијата преку своите медиуми жестоко го нападнаа Јоханес Хан. Потоа одлучија да поставуваат ултиматуми, да даваат рокови и да избегнуваат било каков коментар за она што беше договорено на 2-ри јуни.

СДСМ по којзнае кој пат се предомисли и вчера Заев застана во одбрана на договорот направен пред 18 дена во Скопје.

Во соопштение на Европската комисија, се цитира изјавата што Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ја дадоа по состанокот, а во која се вели дека тие како лидери  на главните политички партии се согласиле повторно да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни и да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.

- Ние, исто така, даваме поддршка на транспарентното ракување од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и на сите специфични препораки во однос на системските реформи во областа на владеењето на правото што треба да се спроведат во интерес на сите граѓани, го цитира Еврокомисијата договорот од Скопје направен вчера.

Опозициската партија на чело со струмичкиот градоначалник не држи до своите ставови. СДСМ постојано се предомислува и дејствува конфузно, пишува Курир.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега