ПОБРЗАЈТЕ: Завршува рокот за пријавување за советник на министерот Тодоров

Рокот за изразување интерес за ангажирање советник на министерот за здравство за мониторинг и евалуација на проектите завршува денеска. Министерството ги повикува сите заинтересирани кандидати да достават апликации по пошта на адресата на Министерството за здравство.

Кандидатот кој ќе биде ангажиран, потсетува Министерството за здравство, треба да ги исполнува следните услови: најмалку 10-годишно работно искуство во областа на мониторинг и евалуација на проекти, или стекнато 5-годишно работно искуство во оваа област, со стекнат соодветен (меѓународно признат) сертификат за мониторинг и евалуација на проекти, како и сертификат за одлично познавање англиски јазик и сертификат за познавање работа со компјутери, при што се смета за предност познавањето софтверски апликации за статистички анализи.

При пријавувањето на огласот, кандидатите треба да достават кратка биографија (CV) и потребната документација.

Процесот на мониторинг и евалуација треба да биде насочен кон континуирана и детална анализа на текот на активностите, утврдување евентуални недостатоци, како и дефинирање препораки за натамошниот тек на работа, со цел подобрување на перформансите и постигнување подобри резултати и ефекти во работата.

За таа цел, ангажманот на советникот на министерот ќе се состои од воспоставување методологија за мониторинг и евалуација на проектите на Министерството, континуирано следење и евалуација на постигнатите резултати/ефекти, статистичка анализа на резултатите и изготвување месечни/квартални извештаи, препораки за подобрување на тековните проекти и активности, како и предлог-концепти за имплементирање нови проекти.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега