„Македонија вработува“- 2000 лица на бесплатни обуки за странски јазици и компјутерски вештини

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска го посети штандот во рамки на проектот Македонија вработува во Куманово, на кој граѓаните имаат можност да се информираат за проектот.

 -Денес заедно со Агенцијата за вработување го промовираме проектот Македонија  вработува тука во Куманово.  Се работи за доста успешен проект преку кој што обезбедивме досега за месец и 15 дена над 2.300 вработувања со опфат на најразлични категории на невработени лица, рече Спасов

 Kако што нагласи Спасов, проектот “Македонија вработува” им помага и на помладите односно  по околу 750 досега има вработено од 2те категории на помлади лица односно до 29 и до 35 години меѓутоа  доста успешен  проектот се покажува и во вработувањето на поранливите категории односно  односно вработувањето на потешко вработливите  односно на оние повозрасните над 50 и 58 гофини со над 200 до 300 вработување.

-Исто така сакаме да ја искористиме и денешната промоција на проектот Македонија вработува за да го објавиме новиот оглас кој што го објавуваме  заедно со Агенцијата за вработување, за Обука за општи вештини за познавање на странски јазик и компјутерски вештини за word, excel и проект менаџмент како и интернет за вкупно 2000 лица.  Имено  заедно со Агенцијата за вработување обезбедивме гранд  средства од ЕУ преку ИПА програма  во износ од 200 илјади евра за овие 2000 обуки за 2000 невработени лица.  Во моментот  трае огласот за сите активни баратели на работа имено со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд потребно е невработените лица и најчесто и неопходно е да познаваат странски јазик и општи познавања за компјутерски вештини и токму поради тоа ги спроведуваме овие обуки, објасни Спасов

 Спасов појасни дека откако ќе ги завршат овие обуки, овие 2000 невработени лица ќе бидат значително поконкурентни на пазарот на труд и полесно и побрзо ќе можат да стигнат до своето работно место.

-Позитивно е да се  истакне  дека во Куманово преку проектот Македонија вработува до сега има постигнато околу 100 вработувања. Овој проект продолжува да се реализира во период од 1 година и очекуваме и во Куманово и во сите општини во РМ значително проектот да влијае на  создавање на нови работни места, додава Спасов.

Toj истакна дека  заедно со Агенцијата за вработување  ќе се продолжи и понатаму со заложби во помагање на сите невработени лица кои што сакаат да најдат работа да им  се помогнеме побрзо и полесно да стигнат до работа и да им се помогне во градење на нивните вештини и познавања со цел да станат покнкурентни на пазарот на труд и зна тој начин да се придонесе до намалување на невработеноста во Република Македонија и во создавање на нови работни места.        

Директорот на Агенцијата за вработување,Влатко Поповски, рече дека караванот на проектот продолжува и ги посетува сите компании, и дека со оваа кампања се сака да се постигне приближување до сите граѓани и нивно запознавање со поволностите на проектот.

 Пратеникот од Собранието на Република Македонија, Зоран Ѓоргиевски, дека овој проект дава значителни резултати во поглед на вработувањето во општина Куманово.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 13:30
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега