Голема акција на македонското МВР - уапсени повеќе лица

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализира акција со која е опфатена криминална група која подолг временски период врши криумчарење поголеми групи мигранти од блиско источните земји. Се работи за мигранти кои од Грција се криумчарат преку Македонија кон Србија и понатаму кон земјите на ЕУ.

При реализацијата, во 4 часот и 30 минути кај селото Доброшане, пресечен е транспорт на седум мигранти, кои од земјава сакале да ги пренесат тројца македонски државјани.

Врз основа на добиени наредби за претрес на дом и други простории, биле претресени десетина објекти кои биле во сопственост на осомничените, или пак биле користени од нив. При претресот, во еден од објектите пронајдени се поголема група илегални мигранти, а од досегашните активности обезбедени се неколку лица, вклучени во нелегалните активности.

Претресите се во тек. Се превземаат и дополнителни мерки за истрагата.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега