Од над 700 делегати за новиот Статут на СДСМ гласале само 340

 

Статутарните измени на СДСМ повод за нови несогласувања кај социјалдемократите. За Заев тие се авангардни, според  дел од членството со нив се прави централизација на партијата. На денешниот петтнаесети конгрес на СДСМ му предходеше четиричасовно заседавање на Централниот одбор, јави Сител.

Заев делегатите ги уверуваше дека ќе има поголема демократизација на партијата и децентрализација.

На Конгресот Заев се осврна и на власта. Обвини дека премиерот Груевски е виновен за невлегувањето на Македонија во ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека проблемот со името е единствената кочница и му порачаа на лидерот на опозицијата на наредните избори да излезе со конкретен концепт за решавање на спорот.

Со статутарните измени,  покрај тоа што Шеќеринска формално стана заменик претседател на СДСМ и се менува поставеноста во ОО , се враќаат и месните организации, се зголемува ЦО со нови членови од руралните средини и ќе се создадат партиски организации надвор од границите на земјава.

Како што објави телевизијата, на Конгресот се појавија само 61 процент од вкупниот број на делегати, а во текот на денот голем дел од нив го напуштија. За новиот Сатут гласале само 340 делегати со што се доведува во прашње неговиот легитимитет. 

Од Бихаќка преку писмено соопштение реагираа на информациите кои ги објави Сител. Од таму велат дека над 400 делегати гласале за новот Статут

најчитано сега