Министерот Попоски во дводневна посета на Германија

 

Министерот Попоски за време на посетата ќе оствари средби со неговиот германски колега, сојузниот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Исто така, министерот ќе се сретне и со претставници од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, како и со членови на Комисијата за ЕУ и пратеници од германскиот Бундестаг.

Предвидено е  Попоски да ги пренесе македонските очекувања за поддршка од Германија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори на претстојниот Самит на ЕУ во јуни оваа година, при што ќе ги повтори нашите ангажмани и агенда во исполнувањето на потребните обврски во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО. 

најчитано сега