Филип Мицфелдер: Опозицијата ги уништи преговорите во Брисел
Шефот за одделот за надворешна политика на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел, тврди дека еврокомесарот за преоширување Јоханес Хан ја има цеослната поддршка за постигнување политички договор меѓу партиските лидери во Макеоднија. Филип Мицфелдер во интервјуто потенцира дека за Европа се неприфатливи постапките на опозицијата за бојкот на парламентот, но во моментов домашната политичка борба и пречи на репутацијата на државата и затоа е потребно постигнување на политички договор.
-Господинот Хан прави силни напори за постигнување договор и сметам дека двете страни треба да постигнат договор. Македонија постигна голем успех на полето на економијата особено ако се спореди со други држави, на пример со соседна Грција која прави на економски план се погрешно додека вие постапувате правилно. Други се прашањата за политички реформи- значајна е улогата на медиумите, слободата на говор, правосудниот систем , тоа се прашања за кои во Брисел постои загриженост, ова се полиња на кои ви се потребни реформи и нашата сестринска партија треба да спроведе реформи. Но во моментов комесарот Хан треба да пронајде договор кој ќе го прифатат двете страни. Сметав дека стасавме до тој момент но опозицијата за жал ги уништи напорите, вели Филип Мицфелдер, пратеник во германскиот Биндестаг.
Македонија, според одговорниот за надворешна политика на ЦДУ, е пред предизвик за зачувување на стабилноста. Во тој контект, Мицфелдер смета дека треба да се надмине и проблемот со Грција, кој според него е повеќе од смешен.
- Морам да им кажам на моите пријатели во Грција дека мора да постигнат компромис за оваа смешна борба за името, ова е нешто што никој во Европа не може да го разбере. Додека на масата имаме сериозни прашања како ИСИС, евро кризата, економскиот и социјален проблем во Грција, ова се темите, а не смешната борба за името. Ако постои волја за компромис во Македонија тој треба да се постигне. Не сум сигурен дека господинот Ципрас може да го реши ова прашање. Мислам дека ова е прашање на кое треба да посветиме внимание и да кажеме- пријатели вие добивте толку многу солидарност од Германија и од германските даночни обврзници што сега е време да се фокусирате на важните прашања а тоа дефинитивно не е спорот со Македонија, вели Мицфелдер во интервјуто.
Тој потсетува на опасноста од радикалните структури на ИСИС, кој с еприсутни и во Европа.
- ИСИС е закана за безбедноста на светот и регионот и треба да направиме се што можеме да ја зајакнеме соработката во НАТО и со лојалните партнери на НАТО како што е Македонија за да се справиме со оваа закана, вели шефот на одделот за надворешна политика на партијата на Меркел.
ПРЕС24: Македонија се наоѓа во длабока политичка криза откако опозицијата се одлучи да го бојкотира Парламентот и да објавува нелегални прислушувани разговори. До сега, напорите на Европската Унија и САД за изнаоѓање решение не вродија со плод. Што вие мислите за оваа политика на бојкот имајќи предвид дека и самиот сте истакнат член на германскиот Бундестаг?
МИЦФЕЛДЕР: Не сум особено среќен што опозицијата го бојкотира Парламентот бидејќи доколку имате демократски избори треба и да ги прифатите резултатите од тие избори. Доколку ги немаше, ќе постоеја сериозни поплаки за изборните процедури. Но такви големи инциденти кои ќе ја доведеа во прашање легитимноста на изборите немаше. Токму затоа не можам да ја разберам опозицијата која го бојкотира Парламентот.
ПРЕС24: Што според вас може да се направи за Македонија да не ја загуби препораката за старт на преговорите со Европската Унија?
МИЦФЕЛДЕР: Во моментов домашната политичка борба и пречи на репутацијата на земјата. Повеќето луѓе во Европа не се интересираат за деталите, повеќето луѓе само гледаат дека постои проблем- како прво голема загриженост предизвика последниот терористички инцидент, а второ за што се загрижени е политичката стабилност што може да доведе до губење на препораката а тоа исто така ќе и наштети на репутацијата на земјата.
ПРЕС24: Договорот од 2ри јуни, внесе оптимизам за решавање на политичката криза кај домашната јавност и меѓународната заедница. Но потоа разговорите во Брисел од 10ти јуни завршија со неуспех. Дел од политичарите како и најголемата апртија во Европа ЕПП дадоа изјави во кои велат дека господинот Заев ја става во ризик европската перспектива на државата преку неговата неподготвеност за компромис и договор. Дали го поддржувате ставот на ЕПП?
МИЦФЕЛДЕР: Да, јас сум член на Бордот на ЕПП и потполно се согласувам со ставовите на ЕПП и моите соработници во Брисел. Вистина е, ова и штети на репутацијата на државата, и сите ние се надевавме пред две недели дека ќе се постигне договор. Господинот Хан прави силни напори за постигнување договор и сметам дека двете страни треба да постигнат договор.
ПРЕС24: Како ја оценува ЦДУ работата на актуелната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ која е ваша сестринска партија?
МИЦФЕЛДЕР: Македонија постигна голем успех на полето на економијата особено ако се спореди со други држави, на пример со соседна Грција која прави на економски план се погрешно додека вие постапувате правилно. Други се прашањата за политички реформи- значајна е улогата на медиумите, слободата на говор, правосудниот систем , тоа се прашања за кои во Брисел постои загриженост, ова се полиња на кои ви се потребни реформи и нашата сестринска партија треба да спроведе реформи. Но во моментов комесарот Хан треба да пронајде договор кој ќе го прифатат двете страни. Сметав дека стасавме до тој момент но опозицијата за жал ги уништи напорите.
ПРЕС24: Неодамна, по трагичниот настан во Куманово кога македонските безбедносни сили се соочија со сериозна терористичка група, му испративте писмо на макеоднскиот премиер Никола Груевски во кое му дадовте поддршка. Сметате ли дека е потребно засилено партнерство за справување со опасноста од радикален тероризам?
МИЦФЕЛДЕР: Апсолутно. Една од најголемите закани во моментот е ИСИС. Борците од регионот се особено опасни. Не ги знам деталите за случувањата тука, не сакам да навлегувам во конспиративни теории но едно е факт- ИСИС е закана за безбедноста на светот и регионот и треба да направиме се што можеме да ја зајакнеме соработката во НАТО и со лојалните партнери на НАТО како што е Македонија за да се справиме со оваа закана.
ПРЕС24: Македонија доби шест позитивни извештаи и шест препораки за почеток на рпеговорите со Европската Унија, но сеуште нема датум за преговори. Европската интеграција како што знаете е блокирана од спорот за името со Грција. Со финансиската криза во Грвија од една страна и политичката ситуација во Македонија од друга страна, се чини дека преговорите се „заглавени“ веќе некое време. Сметате ли дека Германија треба да биде подлабоко вклучена во обидите за изнаоѓање решение?
МИЦФЕЛДЕР: Германија игра огромна улога во преговорите со Грција во моментов. Јас сум поддржувач на ставот Грција да биде во Европската Унија и Грција да биде во еврозоната. Голем број од моите колеги парламентарци во Грција не мислат така, но јас мислам дека Грција треба да остане. Но истовремено, морам да им кажам на моите пријатели во Грција дека мора да постигнат компромис за оваа смешна борба за името, ова е нешто што никој во Европа не може да го разбере. Додека на масата имаме сериозни прашања како ИСИС, евро кризата, економскиот и социјален проблем во Грција, ова се темите, а не смешната борба за името. Ако постои волја за компромис во Македонија тој треба да се постигне. Не сум сигурен дека господинот Ципрас може да го реши ова прашање. Мислам дека ова е прашање на кое треба да посветиме внимание и да кажеме- пријатели вие добивте толку многу солидарност од Германија и од германските даночни обврзници што сега е време да се фокусирате на важните прашања а тоа дефинитивно не е спорот со Македонија.
ПРЕС24: Кога зборуваме за Грција, министерот за финансии на Грција веќе рече дека парите од германските даночни обврзници дадени во Грција завршиле во црна дупка. Како евентуалниот банкрот или излез на Грција од еврозоната ќе се одрази на Германија?
МИЦФЕЛДЕР: Мислам дека господинот Варуфакис дава многу дури и премногу интервјуа и треба да биде повнимателен во она што го говори. Имаме проблем во комуникацијата со грчката влада бидејќи еден ден даваат ваки изјави, а веќе следниот ни бараат нова помош. Германија има голем бенефит од еврото, јас сум силен поддржувач на европската идеја и на банкнота. Германија прави се за стабилизација на еврото и не сум фан на експерименти како што е „грексит“ или „брексит“ каде се работи за ЕУ а не за еврозоната, јас сум уверен дека треба да направиме се што е во наша моќ за да ја зачуваме еврозоната, но и Грција треба да го стори тоа.
ПРЕС24: Самитот во Берлин кој се одржа во август минатата година чиј домаќин беше канцеларката Меркел даде надеж дека Германија ќе ја турка европската агенда во регионот. Што од тогаш беше направено и што уште може да направите за Еу-проширувањето?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа