Вечерва хуманитарен концерт за обнова на Трескавец и Св. Јован Бигорски во Универзална сала
Македонската филхармонија вечерва во Универзалната сала во Скопје ќе одржи хуманитарен духовен концерт во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.
Собраните средства од концертот под диригентската палка на Ле Фи Фи ќе бидат наменети за санација на опожарените конаци во манастирите „Трескавец“ и „Свети Јован Бигорски“.
Како солисти ќе настапат поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција.