Ноќна мора за САД - Американските подморници нема веќе да бидат невидливи за непријателите

 

Најлошата ноќна мора за морнарицата на САД наскоро ќе се овистини. Новата технологија ќе и зададе тежок удар на способноста на американскиот стелт подморници да исчезнат под вода без трага, тврди професор за стратегија на Колеџот на американската воена морнарица во Њупорт Џејмс Холмс.

Американските нуклеарни стелт подморници се долг период неприкосновени и имаа предност затоа што под океаните можеа долг период да останат неприметени. Новата технолошка револуција, сепак ќе ја елиминира ваквата предност, што негативно ќе влијае на надворешнополитичките настојвања на САД во врска со далечните води, нагласува професорот Џејмс.

Преку речиси 60 години, американските стелт подморници станаа доминантни во подводното војување, а воведувањето на нуклеарен погон им овозможуваше да останат невидливи долг период под вода.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега