Едвај спасиле жива глава: Кошаркарите на Шкупи со полиција извлечени од Кавадарци
Вчера за време на одржување на кошаркарски натпревар во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци помеѓу младинските екипи на КК-„Фени индустри“ од Кавадарци и КК„Шкупи“од Скопје, по завршување на регуларниот тек односно во првото продолжение, поради физички напад врз вториот судија Л.Н., делегатот го прекинал натпреварот.
Имено, по донесување на техничка грешка и отстранување на играч од екипата на КК„Шкупи“ сите играчи како и помошниот тренер влегле на теренот со цел да го нападнат судијата.
По барање на делегатот интервенирано е од страна на полициски службеници кои безбедно ги испратиле судиите во соблекувалните. За цело време од страна на играчите биле фрлани пластични шишиња кон публиката и биле упатувани закани и навреди.
Сите членови од КК-„Шкупи“ биле упатени кон соблекувалната и потоа со придружба биле испратени за Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и идентификување на сите учесници по што на истите ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа