Човек прободен со нож лежи среде улица во скопски Карпош
Екипата на Итната медицинска помош вчера околу 19 часот пријавила дека пред трговскиот центар Олимпико во Скопје забележала непознато лице кое лежело на земја со убодна рана, веројатно од нож.
По превземените мерки полицијата открила дека станува збор за 37 годишно лице од скопско Крушопек кое добило убодна рана од нож по тепачка со три лица.
Осомничените се приведени од полицијата а еден од нив бил префрлен во болница поради повреди добиени во тепачката.
Од МВР најавуваат целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
10.06.2015 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа