ТРАГЕДИЈА: Тинејџери загинаа кај Куманово

 

Трите момчиња кои загинаа денеска попладне во сообраќајната несреќа во Куманово се на возраст од 17 и 18 години. Од СВР-Куманово соопштија дека во несреќата загинале Ваљон М. (17) од Куманово, Егзон Ш. (17) од Куманово и Исуф А. (18) од Липково.

Во автомобилот имало четири лица од кои двајцата починале на местото на несреќата, а едниот на пат кон болницата. Четвриот патник е во кумановската болница. Има повреди и скршеници по целото тело.

Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот. Автомобилот кога излетал од мостот, слетувал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово за среќа поминал со лесни телесни повреди.

фотографијата е од ѕидот на сообраќајниот срам

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега